Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“ кој е финансиски поддржан од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.
Во рамките на овој проект се спроведуваат низа мали истражувања во насока на утврдување на младите за различни теми поврзани со корупција. Групата на млади агентки за борба против корупција од општина Прилеп самостојно подготви онлајн „АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК“ во рамки на нивната локална иницијатива за борба против корупција со поддршка од проектот.
Во прилог е линкот до прашалникот: https://forms.gle/4pYZvs8R1mxtdZZB8
Прашалникот е анонимен и е наменет за потребите на проектот.
Однапред Ви благодариме за Вашиот придонес!