Носител на советничката листата на граѓанското движење – Одлучно за промени на ЛДП И ДОМ за совет во општина Прилеп е М-р Станкоски Јане, магистер по менаџмент на природни ресурси и животна средина, моментално директор на компанијата за откуп и преработка на тутун СЕКЕ и како истакнат стручнак од пракса предавач на Факултет за земјоделски науки и храна- при УКИМ во Скопје.
Станкоски Јане е роден во Прилеп, сопруг и татко на три деца. Целиот свој работен век е во бизнисот поврзан со земјоделството, а еден период го помина како директор на земјоделски инспекторат на Македонија.
Граѓанско движење -Одлучно за промени на ЛДП И ДОМ на претстојните локални избори има и кандидат за градоначалник за градот Прилеп а тоа е Славе Петрески –стопанственик и бизнисмен.
ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ!!!