Над 1.500 посетители и над 300 верници кои годинава влегоа за Водици во Плетварското езеро

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Над 1.500 посетители (податок МВР) и поделени 300 дрвени крвчиња на учесници што влегоа во осветените води. Ова се официјалните бројки од годинешното одбележување на празникот Богојавление или Водици на Плетварското езеро кај Прилеп. Меѓутоа неофицијалната бројка е далеку поголема бидејќи имаше верници што влегуваа и во доцните попладневни часови пред се родители со своите деца.

„Радува исто и заинтересираноста токму на младите, пред се децата, да бидат учесници на овај настан. Преку 80 дечиња и девојки беа дел од учесниците, со тоа се надминаува бројката од ланска година каде што имаше 230 учесници. За идната година како организатори ќе се потрудиме да обезбедиме и повеќе шатори за пресоблекување на учесниците и повеќе топли напитоци, како и подобри услови на целата организација на настанот“, рече Антонио Гически, еден од учесниците на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми