Викендов во Прилеп полицијата со полни раце работа.
На 18.10.2026 во 11:30 часот во ОВР Прилеп, Ф.А.(38) од Прилеп пријави дека во казино на ул.„Кузман Јосифоски“ во Прилеп бил физички нападнат од едно машко лице.
Вечерта истиот ден, во 21:10 часот на ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода З.К.(47), Д.К.(21) и С.К.(43), сите од Прилеп, бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
Наредниот ден, на 19.10.2026 во 00:45 часот на ул.„Димо Наредникот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Д.Н.(21), А.С.(23), Н.М.(21) и 17-годишен малолетник, сите од Прилеп, бидејќи при преглед кај нив, кај Д.Н. била пронајдена марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните и по нивно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.