Наскоро ќе можете да влезете во подземјето на Колосеумот во Рим каде гладијаторите се подготвувале за борби


„СиЕнЕн Травел’ известува дека граѓаните на Рим и туристите наскоро ќе можат да го посетат подземјето на познатиот Колосеум. Тоа ќе биде отворено за јавноста по првпат откако е изградено.

Сите заинтересирани ќе може да прошетаат низ ходниците и да го видат просторот каде што престојувале гладијаторите и животните пред да влезат во арената.

Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи.

Хипогениуот тогаш бил осветлен со свеќи, но поради уништениот терен сега во него продира сончева светлина.

Подготовките за големото отворање траат од 2011 година.

Колосеум (латински: Colosseum), изворно наречен „Флавиев амфитеатар“ (латински: Amphitheatrum Flavium), е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот.

Колосеумот бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72 г.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 г.н.е. Тие потекнувале од прочуено римско благородничко семејство, па оттаму и градбата го добила името. Некои поправки направил и царот Домицијан (81-96 г.н.е.). Изграден е како подарок за римските граѓани и тоа на местото на некогашната резиденција на римскиот цар Нерон..

Колосеумот бил врвен дострел во римската архитектура и градежништво. Покрај величествените димензии, тој бил лесно достапен преку системот од влезови и скалила, така што во случај на пожар можел да се испразни за само десет минути. Подоцна, градбата била користена за најразлични цели, како работилници, одаи за свештеници и христијанско светилиште.

На 7 јули 2007 година Колосеумот бил прогласен за едно од седумте светски чуда на Новиот Свет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира