Најстариот син на Фидел Кастро изврши самоубиство

Facebook
Twitter
Email
Print

Кубанските државни медиуми известуваат дека најстариот син на поранешниот лидер Фидел Кастро извршил самоубиство на 68-годишна возраст.

 

Весникот „Гранма“ денеска пишува дека на 1 февруари Фидел Кастро Дијаз-Баларт „кој неколку месеци бил во придружба на група доктори поради неговата состојба на длабока депресија, утрово изврши самоубиство.“

 

Фидел Кастро Дијаз-Баларт, беше познат како „Фиделито“ или Малиот Фидел поради блискоста со неговиот татко, кој имаше 11 деца, се вели во официјалните информации.

 

Кастро Дијаз-Баларт студирал нуклеарна физика во поранешниот Советски Сојуз и работел како научен советник во Државниот совет на Куба. Бил потпретседател на Кубанската академија на науките. Претходно ја водел својата нуклеарна програма.

 

Автор е на 11 книги и над 150 научни трудови за нуклеарната физика, енергетските технологии и нивната поврзаноста со науките за животната средина, како и за иновации и управувања со знаењата.

 

Тој е син на првата сопруга на Фидел Кастро, Марта Дијаз-Баларт Гутиерес, жена од аристократијата на Куба со која Фидел се оженил во својата младост, пред почетокот на револуционерната борба која подоцна ги донела него и неговиот брат Раул на власт.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира