Најуспешен прилепски џудист за 2021 година е Теодора Димеска


Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп викендов организираше Предновогодишен Турнир во Џудо за најмладите категории џудисти.

На овој настан присуствуваа и десетина ветерани кои активно тренираат и партиципираат во клубот со цел да ги стимулираат младите џудисти.

Најуспешен натпреварувач на ниво на клуб севкупна конкуренција за 2021 година е Теодора Димеска.

На листата на најуспешни за 2021 година се најдоа:

Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионери-2021 (Немања Џагадуроски) и (Благојче Мантароски)

Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионерки-2021 (Тамара Илиоска)

Најуспешен натпреварувач- категорија пионери-2021( Борис Џагадуроски)

Најуспешен натпреварувач- категорија пионерки-2021(Елеонора Илиоска)

Најуспешен натпреварувач- категорија кадети-2021(Никола Магдески)

Најуспешен натпреварувач – категорија кадетки-2021(Мартина Јанкоска)

Најуспешен натпреварувач-категорија јуниори-2021(Антонио Талески)

Најуспешен натпреварувач-категорија јуниорки-2021(Теодора Димеска)

Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениори-2021(Јован Најдоски)

Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениорки-2021(Марија Талеска)

Најуспешен натпреварувач-категорија сениори-2021 (Марко Тодорчески)

Најуспешен натпреварувач-категорија сениорки-2021 (Александра Најдоска)

Покрај натпреварувачите клубот „Сеишн“ награди и дел од своите млади стручни (кандидати мајстори) кадри кои работат во тренажниот процес  за посебен придонес и успех во тренажниот процес во 2021 г. со млади категории џудисти за: Марио Тошески, Марио Цинцароски и Бојан Синадиноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира