На ГП Табановце се чека 30 минути, краток прекин на патниот правец Кичево-Охрид

Facebook
Twitter
Email
Print


На граничниот премин Табановце утринава за излез од земјава се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму за денеска најавуваат краток прекин на сообраќајот на делницата Пресека-Врбјани на патниот правец Кичево-Охрид во периодот од 11.30 до 14.30 часот, во период од 15-20 минути поради изведување градежни работи на пат (минирање).

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира