
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ц.Н.(57) од с. Ботушје, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 16.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 и патрони за ловечката пушка калибар 12.