По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради високите цени на храната. Граѓаните масовно се повикуваат на последниот ден од месец јануари да не купуваат ништо со цел да се изврши притисок и врз трговците, но и врз Владата и да се преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, како и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Според повикот граѓаните треба да ги бојкотираат маркетите, бензинските пумпи, кафулињата, рестораните како израз на незадоволство од скапотијата.
Во Хрватска, граѓаните организираа масовен протест, изразувајќи незадоволство од високите трошоци за живот. Овој протест ја намали продажбата во макретите за 50 отсто во еден ден, а тоа ги инспирираше и соседните земји да преземат слични акции.
Слични иницијативи се најавени и во Црна Гора и Босна и Херцеговина, каде граѓаните планираат да се воздржат од купување во супермаркетите и да избегнуваат помалите маркети на 31 јануари. Целта е да се испрати порака дека граѓаните не ги толерираат нереалните поскапувања.