На УКИМ има 10.678 места за нови студенти


На факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во прва година додипломски студии во учебната 2021/2022 година се слободни вкупно 10.678 места.

Според Конкурсот што го објави УКИМ, во квотата редовни, кои се финансираат од буџетот на државата, има места за 5.247 студенти и тие ќе плаќаат школарина од 200 евра.

За редовни кои ќе ги кофинансираат студиите има 4.366 слободни места, а 1.065 се слободни за вонредни студенти. Надоместот за студиите во овие две категории е 400 евра.

Првиот рок за пријавување на кандидатите кои се рангираат само според успехот во средното образование е 31 август и 1 септември, а на оние кои се рангираат според успехот од средно и според проверка на знаења и умеења е на 26 и 27 август. Вториот рок за пријавување е 16 и 17 септември, а третиот на 28 септември.

Конкурсот на УКИМ содржи информации за бодирањето од успехот во средно образование и од државната матура, критериумите за упис и за потребните документи за пријавување и запишување на кандидатите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи