На 1 ноември ќе се оддржи деветтото издание на „Прилеп фолк фест“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 1 ноември во ЦК „Марко Цепенков со почеток во 19:30 часот ќе се одржи деветтото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест“. Фестивалот оваа година е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани Мјузик Фест – Прилеп“, а под покровителство на Општина Прилеп.

Советот на фестивалот ќе ви понуди прекрасни македонски современи песни, изведени од најреномираните македонски и странски пејачи, а напишани од врвни македонски автори.

„Прилеп Фест останува еден од симболите на нашиот град. За да оваа вечер биде посебна, ќе настапат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Анета Љумаковска, Спасен Сиљаноски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Андријана Ацевска, Ташко Каранфиловски, Бојан Палиќ, Сања Цинцева, Лилија Семкова, Суад Усеин Цуле, Мики Тра Ла Ла, Вукица Челебиева, Жаклина Маркоски и Група Фортуна. Со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме новите песни, изведени од најдобрите уметници од земјава и странство“, велат организаторите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира