На 26 февруари 2026 од 19.00 часот во киното Мис стон ќе се прикажува филмот „Соучесници“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 26 февруари 2026 од 19.00 часот во киното Мис стон ќе се прикажува филмот „Соучесници“.

„Соучесници“ е  психолошка и социјална драма. Раскажува за идиличниот живот на главните ликови кој нагло се менува по сообраќајна несреќа. Додека се борат да се справат со последиците, ги прогонува совеста, трансформирајќи ја нивната врска и доведувајќи до низа неочекувани настани.

Автор на сценариото: Огњен Обрадовиќ,

Режисер: Марко Новаковиќ,

Кинематографер:  Бојан Ракиќ.

Играат: Невена Неранџиќ, Радован Вујовиќ, Аница Добра, Даница Ристовски, Зоран Цвијановиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Анита Огњановиќ, Јован Белобрковиќ, Сара Климоска, Стојан Матавуљ, Хана Јапунџиќ, Факета Салихбеговиќ-Авдагиќ и Петар Новаковиќ.

„Соучесници“ е копродукција меѓу Србија (Зилион филм), Македонија (Партизанс) и Хрватска (Интер филм).

Времетраење : 1 час и 47 мин.

Категоризација: 12 +

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Филмскиот центар на Србија и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Влезници на билетарницата од киното од 10 до 13 часот секој работен ден и еден час пред проекцијата на филмот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми