„Необична веридба“- драма на драмската секција „Слободно Театарче“

 

 

Драмската секција „Слободно Театарче“ при СОУ Ѓорче Петров Прилеп, зеде учество на МАССУМ 2014, каде одигра своја доза на хумор во Крушево, 4 Мај 2014 година.

Денот кога еден од членовите на семејството треба да замине во друго семејство. Или пак народната:

,,Кога пиленцето ќе порасне и ќе одлета од гнездото, за да си направи само свое гнездо”.

Така и во едно ,,типично македонско традиционално” семејство, дојде денот кога сите се подготвуваат за официјално да ја предадат својата единствена и најсакана ќерка и внука на својот избраник.

Но, сета ситуација добива кулминација кога избраникот ќе биде од далеку, преку ,,големата бара”, и кога најстарите во семејството ќе сакаат да командуваат со ситуацијата? Меѓу генерациски јаз и дилеми, тврдоглавост и досетливост, а и комшиска љубопитност. Од сета мешаница настанува. . .  “НЕОБИЧНА ВЕРИДБА”.

Сценариото е на Филип Стојаноски, под менторство на професорката Билјана Тинтоска.

Улогите ги толкуваат: Филип Стојаноски, Мартина Јованоска, Андреј Ристески, Тамара Илиоска, Магдалена Димоска, Борјан Јовановски, Кристијан Војнески, Филип Сталески и Андреј Јованоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира