Неофицијално дел од музичките имиња на годинешниот „Пиво фест“ 2022


Инфо Компас неофицијално ги дознава дел од музичките имиња кои ќе настапат на годинешниот „Пиво фест“ 2022, кој ќе се одржи од 14 до 17 јули. Акцентот е ставен на македонската музичка сцена.

Наум Петрески,  Миле Кузманоски, Елена Велевска,  Елена Петреска, Вера Јанковиќ, Четкар, Нокаут, Игор  Џамбазов и Гуру Харе,  Љубојна,  ДНК, Некст Тајм, Лозано, Ареа, Владо Јанески, Џамбо Агушев, Темпера, Суперхикс, Галија, Дивље Јагоде, Влатко Стефаноски.

Водител на фестивалот ќе биде најдобриот шоумен во Македонија Игор Џамбазов.

Локацијата на Фестивалот ќе биде како и досега во центарот на Прилеп, а се очекува учество на повеќе пивари од Македонија и странство.

За тоа кои пејачи ќе пеат во кои денови и многу повеќе информации се очекува да се знае во наредните денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи