Во годишната програмата за урбанистичко планирање за 2025 година е внесен и проектот за уредување на речното корито и неговата изработка е во завршна фаза. Овој проект го опфаќа просторот од мостот на улицата „Трајко Николоски“, па со до новопредвидениот мост на улицата „Победа“, значи опфатено е целото речно корито, изјави денес директорот на ЈП за ПУП Прилеп, Бранко Нешкоски.
„Речното корито навистина претставува една лоша слика за целиот изглед на градот, тој коридор од 20 метри во ширина и должина од 8 километри е несреден и претставува проблем на комуналното претпријатие. Средувањето ќе се сведи на изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, изградба на простори за мултимедијална комуникација и мали манифестации, а воедно да се земе во обзир 20 годишната и 50 годишната вода, значи не смее да се употребуваат урбани елементи кои би можеле да бидат откорнати од таа вода, а сведоци сме на полнење на целото речно корито. Значи целокупната опрема ќе биде фиксна или прилагодена да опстои на евентуалното надојдување на таа вода. Коритото исто така ќе биде обработено со езерца, со проширувања, со потопувања за да нема празна површина. Ова е проектна документација, а изведбата ќе биде по фази“, рече Нешкоски.