Николоски: 3 капитални проекти за неколку недели- Експресните патишта Куманово-Страцин-Крива Паланка, Градско-Дреново и пругата Куманово-Бељаковце

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

За неколку недели пуштаме во употреба три големи капитални проекти. Првиот веќе го пуштивме во употреба, а тоа експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка. Вториот е експресниот пат Градско -Дреново дел од коридор 10 д и третиот е проектот кој се најавува уште кога бев дете, а сега прв пат има реализација а тоа се првите 40-тина километри од пругата кон Бугарија, потегот од Куманово до Бељаковце, истакна вицепремиерот Николоски во гостувњето во Дневникот на ТВ Сител.

„Јас не се сеќавам во Македонија за неколку недели да се отворат три крупни капитални проекти, што мислам дека е добро и за целокупната енергија во државата. Гледам многу позитивни коментари после настанот вчера, народот сака добри вести, сакаат реализирани проекти, сакаат да видат дека може нешто да се заврши. Кога бевме избрани се соочивме со проекти кои немаа јасен проектен менаџмент или беа заглавени го огромни проблеми. Сега тоа се е сменето. Реков Грдско – Дреново ќе го пуштиме во сообраќај. Почнавме да го градиме автопатот Прилеп -Битола што значи дека и тој дел ќе биде квалитетно поврзан. Од другата страна на коридор 8 веќе имаме автопат Скопје-Тетово, можам да најавам дека овој месец започнуваме со изградба на автопат Тетово-Гостивар бидејќи ова што сега го имаме не е автопат. Гостивар -Букојчани веќе се работи на популарната Стража, Букојќани -Кичево веќе имаме тендерирање и Кичево -Охрид интензивно се работи, што значи дека заедно со експресниот пат што сега го пуштивме некаде во 2028 година од Охрид до Крива Паланка ќе има или автопат или експресен пат што ќе значи целосен реализиран коридор 8 и ние ќе сме единствена држава која на мапата на коридор 8 ќе имаме целосна врска затоа што тоа е наша стартешка предност“, истакна вицепремиерот Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци