Нови заплени на шумската полиција од прилеп со засилени контроли на терен

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Шумската полиција од Прилеп продолжува со интензивни контроли и акции против бесправната сеча, транспорт и складирање на огревно дрво. Вчера (25.02.2026 година) во вечерните часови, кај стрелиштето „Леково“, одземен е еден шпедитер натоварен со 1,5 м³ дабови огревни дрва. На истата локација дополнително се пронајдени уште 1 м³ зелени дабови огревни дрва.

Претходно, на 23.02.2026 година, во атарот на с. Беловодица се пронајдени и одземени 5 м³ бесправно складирани дабови дрва. Истиот ден, на место викано „Пештерица“, одземен е шпедитер натоварен со 0,50 м³ дабови огревни дрва.

„Сите пронајдени дрва и средства се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, а против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно закон. Шумската полиција упатува јасен апел до граѓаните: Да не купуваат нелегално огревно дрво. Секое дрво мора да биде жигосано и снабдено со соодветна испратница. Во спротивно, следува одземање и поднесување пријава за бесправно складирање. Ги охрабруваме граѓаните да пријавуваат сомнителни активности поврзани со бесправна сеча и нелегален транспорт. Контролите ќе продолжат со засилено темпо, а законот ќе се применува без исклучок“, велат од Шумската полиција во Прилеп.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми