Во подрачното училиште на ООУ „Климент Охридски“ во с. Мажучиште се изработија нови подови, нова дограма, а се изгради и нова спортска сала. Со овие инвестиции ќе се обезбедат поквалитетни услови за учење и развој на ученици кои својата настава ја одржуваат во ова училиште.
„Децата се нашата иднина, и секој вложен денар во нивното образование е инвестиција во подобро утре. Заедно со директорот на училиштето го посетивме ова подрачно училиште и учениците кои се инспирација за нашата посветеност и работа.
Локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува сите основни и средни училишта во општината. Заедно ќе изградиме силна и успешна млада генерација која ќе биде пример и гордост за Прилеп.
Продолжуваме со вложувањата во образованието како еден од нашите најважни приоритети!“, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Директорот на училиштето „Климент Охридски“, Ахил Јаков рече дека оваа инвестиција е доказ за посветеноста кон образованието и училишниот развој.
„Со подобрените услови за учење и новата спортска сала, ние ќе имаме можност да се развиваме, да учиме нови вештини и да ги остваруваме нашите соништа.
Запомнете, учениците од с.Мажучиште се важен дел од нашето училиште, без разлика каде учат. Нивниот труд и посветеност се основа на нашите идни успеси.
Нека оваа нова инвестиција биде поттик за вашиот раст и инспирација за сите нас!“, додаде Јаков.