Нови правила за административците: Ќе добијат отказ доколку две години по ред бидат оценети со „1“

Facebook
Twitter
Email
Print
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Со законските измени што ги усвои Собранието по скратена постапка, се воведуваат нови правила за унапредување, оценување и дисциплинска одговорност на административните службеници.

Додека од власта оценуваат дека со нив се исправуваат претходни пропусти и се обезбедува поефикасна примена на прописите, опозициската СДСМ смета дека дел од одредбите може да отворат простор за политички притисоци врз администрацијата.

Законските решенија предвидуваат укинување на можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со цел да се обезбедат еднакви можности за вработените и доследна примена на мерит-системот.

Една од новините е и престанок на работниот однос по сила на закон за административен службеник кој две години последователно ќе добие оценка „1 – не задоволува“.

Измените, исто така, треба да овозможат поекономично и побрзо спроведување на постапките, без неоправдано одолговлекување, при што се задржува правото на жалба.

Со законите се уредува и статусот на службениците во Службата на Собранието и во регулаторните тела, со цел нивното позиционирање да биде усогласено со статусот на другите посебни државни службеници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци