Ново детско игралиште во населба „Типски“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Изградивме ново детско игралиште во населбата „Типски“, со инвестиција од 4 милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, изјави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски при промоцијата на новото детско игралиште во Прилеп.

„Овој простор добива нов лик, но продолжуваме понатаму и веќе нарачавме проект за изградба на мултифункционално спортско игралиште на просторот што го расчистивме, со што овој дел од градот ќе прерасне во прекрасно место за спорт, рекреација и дружење.

Запуштените површини ги претвораме во уредени места за игра, спорт и рекреација.

Продолжуваме со конкретни активности за поубав Прилеп и подобри услови за нашите најмлади“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци