elementor-template id=”49259″]
Од полноќ следува ново поскапување на цената на горивата, одлука која беше донесена денеска на седницата на Регулаторната комисија за енергетика. Со новото поскапување, сите цени на горивата станаа троцифрени.
Според последната одлука, дизелот од полноќ ќе се продава поскап за 2,5 денари, додека цените на бензините се зголемуваат за 0,5 односно 1 денар по литар.
Па така, бензинот БС-95 од полноќ ќе чини 110 денари, додека бензинот БС-98 ќе чини 112 денари, а цената на дизелот ќе биде 102 денари.