Нов Закон за јавно приватно партнерство е во подготовка

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Министерството за економија подготвува нов Закон за јавно приватно партнерство. Целта на законскиот предлог е да се создаде стабилна и конзистентна, правна и економска рамка за развој на модели за јавно приватно партнерство (концесиски /неконцесиски), односно воспоставување на ефикасен систем за јавно приватно партнерство.

„Носењето на нов закон во областа на јавно приватно партнерство произлегува пред сѐ од потребата за транспонирање на Директива 2014/23/ЕУ за доделување на договорите за концесија и понатамошното усогласување со најдобрите стандарди и меѓународни практики во соодветната област, односно изготвување на стабилна и конзистентна законска рамка за доделување на договори за јавно приватно партнерство, вклучително и концесиите како вид на јавно приватно партнерство“, соопштуваат од Министерството за економија.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира