Обвинителите не сакаат намалување на нивните плати платите кои се движат од 1.500 до 2.100 евра

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Здружението на јавните обвинители на Република Северна Македонија упати итна јавна реакција до Собранието, барајќи од дневниот ред на 89-тата седница да биде повлечен предлог-законот за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, предложен од група пратеници.

Во дописот, испратен до претседателот на Собранието и до пратениците, Здружението наведува дека одлуката за реакцијата е донесена од Собранието и Извршниот одбор на 24 февруари 2026 година.

Како што посочуваат, јавните обвинители се свесни за сложената економска состојба во државата и потребата од мерки за штедење, но предупредуваат дека согласно член 2 од важечкиот Закон, платата на јавен обвинител не може да биде намалена со закон или одлука на државен орган, освен во случај на утврдена дисциплинска одговорност.

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Од Здружението истакнуваат дека јавните обвинители вршат сложена и одговорна работа, без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка, а законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години не се исплаќаат поради недостиг на средства во Буџетот.

Тие нагласуваат дека функцијата јавен обвинител е неспојива со извршување на друга дејност, па платата претставува единствен приход. Според нив, платите се движат од помалку од 90.000 до околу 130.000 денари, што, како што наведуваат, ги прави најниски во регионот. За споредба, посочуваат дека платите во Србија се движат од 1.600 до 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 до 4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, додека во Бугарија просекот изнесува околу 3.000 евра плус годишен бонус.

Дополнително, Здружението информира дека Уставниот суд веќе има поведено постапка за оценка на уставноста на претходните измени на Законот за платите, со решение У.бр.71/25 од 24 декември 2025 година, по иницијатива на самото Здружение. Тие предупредуваат дека нови измени, со дополнително намалување на коефициентите, би можеле да создадат дополнителни правни последици, особено додека трае постапката пред Уставниот суд.

Здружението апелира до пратениците детално да ја преиспитаат потребата од измените и да ја повлечат предложената точка од дневниот ред.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми