Обиколницата на Прилеп ќе биде затворена за сообраќај од 3 до 6 август поради градежни активности

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

„Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда“, се наведува во соопштението.

Како што се појаснува, сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп. 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми