Облачно и посвежо време за 4 до 5 степени, се најавува локален пороен дожд

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има изолирана појава на локален пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. УВ=84

Во Прилеп и регионот, темепратурата ќе се движи од 18 °C до 33 °C.

УХМР со актуелно предупредување:

Денес претпладне и во пладневните часови ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Понекаде процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и услови за појава на град.

Денес и утре температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени во однос на изминатиот период.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми