Обука за финансиска писменост и женски економски права во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денес, во организација на Strategic Development Consulting, под водство на експертката м-р Данијела Петрушева-Андонова, во Прилеп се одржа обука на тема „Финансиска писменост и женски економски права“.

Настанот беше посветен на унапредување на знаењата и свеста за значењето на финансиската едукација и родовата еднаквост во економската сфера. Во рамки на обуката, Марина Тошеска даде краток осврт на економските права на жените, кои претставуваат основа за градење на праведни, инклузивни и просперитетни заедници.


Таа потенцира дека родовиот јаз на пазарот на труд сѐ уште е видлив и најчесто произлегува од традиционалните родови стереотипи околу поделбата на платената и неплатената работа.

Жените, за разлика од мажите, и понатаму поминуваат повеќе време во неплатена грижа за децата, постарите и болните лица, што често ги ограничува нивните можности за професионален напредок и економска независност. Дополнително, и понатаму постои јаз во платите, со што жените заработуваат помалку од мажите за исти или слични работни места.

 

 

„Потребни ни се конкретни мерки, политики и иницијативи кои ќе овозможат еднаков пристап до можности за економско зајакнување на жените,“ истакна Тошеска.

Од своја страна, експертката м-р Данијела Петрушева-Андонова зборуваше за финансиската писменост како основен предуслов за економска стабилност, независност и родова еднаквост.

Таа посочи дека финансиската писменост не се однесува само на управување со лични средства, туку е и клучен чекор кон економска сигурност и еднакви можности за сите.

„Кога жените имаат знаење и пристап до финансиски ресурси — зајакнува целото општество,“ нагласи Петрушева-Андонова.

 

 

 

Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“, кој го спроведува CARE International Balkans со поддршка на Австриската агенција за развој.

Проектот има за цел да придонесе кон еднаков економски напредок, родова правда и подобрени можности за жените во регионот.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми