Огромен интерес на верниците да бидат дел од одбележувањето на Водици на Плетварско езеро – може да се пријави кој сака

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Од година во година се поголем е интересот на прилепчани, како и на верници од други градови празникот Богојавление или Водици да го одбележат со влегување во водите на Плетварското езеро кај Прилеп. Оваа година има најголем број на пријавени верници, мажи, жени и деца кои ќе влезат во осветената вода и кои што сакат да бидат сведоци на еден поразличен начин на чествување на големиот Христијански празник “Богојавление -Водици”.

Водици или Богојавление е еден од најголемите христијански православни празници. Празникот го одбележува крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кога за првпат се јавила Светата Троица: Синот во водата, Светиот Дух во облик на гулаб и гласот на Бог Отецот од небото. Празник поврзан со прочистување, обновување и духовно раѓање.

„Покана до сите христијански верници да бидат дел од  осветувањето на водите на Плетварско езеро. Се замолуваат сите учесници за влез до езерото да го користат патот од селото Плетвар , а за излез преку патот за Ореовец за да се избегнат непотребни гужви и застој“, истакна еден од организаторите, Антонио Гически.

Манифестацијата започнува во 10:45 часот со осветување на малиот параклис изработен од кумовите на овој настан кој беше започнат како идеја од минатогодишните кумови  фамилија Минчески и фамилија Најдоски. Во 11:00 часот се продолжува со осветување на водата на Плетварското Езеро и влез на самите верници во светата вода на езерото.

Обезбедени се дрвени крвчиња кои ќе бидат симболичен подарок на секој од верниците кои ќе влезат во светата  вода како спомен  на нивното духовно раѓање. Топлите напитоци и малите шишенца за света вода како и секоја година се неизбежен дел од овај настан .

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми