Одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески

Општина Крушево во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари 2018 година во спомен куќата „Тодор Проески“ организираат музичка манифестација по повод одбележување на денот на раѓање на Тоше, на која, меѓу другите, ќе настапи Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран.

 

Во 11 и 15 часот ќе се полага цвеќе на гробното место на нашиот Тоше, а со почеток во 11:30 ќе започне настанот за одбележување на денот на раѓање на Тоше Проески со локалниот бенд Кици и Пеце, потоа хорот на СОУ „Наум Наумовски Борче“ и настап на крушевчанката Билјана Јосифов, оперски пејач – сопран, придружувана од клавијатуристот Николовски Сашко.

 

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат Градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски и директорката на спомен куќата Елена Мирчевска.

 

Свој придонес во организацијата за одбележување на денот на раѓање на Тоше има и в.д. директорот на НУ Македонска филхармонија, крушевчанецот Виктор Илиески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци