Шумската полиција од Прилеп денеска ,29.11.2025, година околу 16:30 часот спроведе успешна акција на потегот Горноселска Преслап, во близина на градските гробишта, при што беше спречена поголема штета врз шумскиот фонд.
„Во акцијата се одземени 10 самари и околу 2 м³ зелени дабови огревни дрва, кои нелегално биле посечени од шумскиот предел над селото Горно Село – подрачје кое подолг период е цел на организирана група што ја пустоши шумата. Самарите и дрвата се предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, а против сторителите ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот за шуми. Шумската полиција Прилеп ќе продолжи со засилени контроли, патролирања и координирани акции, со цел целосно спречување на групите кои нанесуваат сериозна штета на шумските ресурси. Воедно упатуваме апел до граѓаните: „Ваша навремена пријава може да спречи големи штети. Секое сомнително движење, товарење или транспорт на дрва веднаш пријавете го. Заедно ја чуваме шумата“. Овие акции продолжуваат со уште поинтензивно темпо“, велат од Шумската полиција во Прилеп.



