На 22.01.2025 во 03.00 часот на патот за Вештачкото Езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле преглед, при што од А.С.( 47) и Е.А. (35), двајцата од Прилеп, одзеле по две запрежни коли натоварени со бесправно исечени огревни дрва. Колите и дрвата биле предадени на Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.