Шумската полиција од Прилеп вчера околу 19 часот одзеде возило марка ТАТА кај месноста Студенец, кај Борула, кое било натоварено со нелегално исечени дрва. Дрвокрадциите кога ја виделе полицијата како доаѓа го оставиле возилото и избегале. Возилото и одземените дрва се предадени во „Црн Бор“ – Прилеп.