Одлична организација на 14-от меѓународен џудо турнир „Прилеп Град Херој-2024“


Заврши 14 то издание на традиционалниот меѓународен турнир „Прилеп Град Херој-2024“ – Цевитана Куп во организација на Џудо Клубот Сеишин – Прилеп. На овој турнир настапија 30 клубови од 8 држави ( Грузија, Шкотска, Кипар, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Македонија) со околу 300 натпреварувачи. Турнирот го отвори Г-ин Влатко Петкоски член на советот на општина Прилеп, а присутните ги поздрави Г-ин Павле Бајчетиќ, 8 дан од Нови Сад Србија. Натпреварите се одвиваа според сите технички услови на 4 борилишта каде членовите на судиската и натпреварувачката комисија беа на висина на својата задача.

 

 

 

 

Најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари на овој турнир беа:

Деца момчиња ( у11): ЏК Олимп Грузија;

Деца девојчиња ( у11): ЏК Сеишин Прилеп;

Помлади Пионери ( у13): ЏК Олимп Грузија;

Помлади Пионерки ( У13) : ЏК Ипон Пирот Србија;

Пионери (у15) : ЏК Олимп Грузија;

Пионери ( У15) : ЏК Илиополис АЦ Атина Грција;

Севкупен победник на Турнирот е ЏК Олимп Тбилиси Грузија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Посебен придонес со својата посета на овој Турнир дадоа специјалните гости и истакнати џудисти, своевремено шампиони, спортски работници и носители на највисоки одличја во џудо спортот од Р. Србија:

Г- ин Павле Бајчетиќ 8 Дан;

Г- ин Славко Станишиќ 8 дан актуелен и 5 кратен светски шампион за ветерани;

Г-ин Љубомир Станишиќ 7 дан;

Г-ин Павле Буљчик 3 дан;

Д-р Зоран Манчев;

 

Домаќинот ЏК – Сеишин-Прилеп е задоволен од целокупната организација и се заблагодарува на сите кои помогнаа за овогодинешната организација, на целиот тим за логистика и поддршка како и сите присутни гости, клубови, натпреварувачи и секако публиката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира