Од утре до 13 август во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржува ликовната колонија „Дрен 2024“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Од 8 до 13 август 2024 г. по 16 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“ на која ќе учествуваат уметници од земјава и од странство.

„И годинава уметниците ќе работат на слободна тема. Очекуваме да се создадат нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија“, вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

На колонијата ќе творат Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ од Србија, Радица Лелова, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески Никола Димески,  Марјан Стојаноски, Столе Дурланов.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира