Од 12 до 18 април во Прилеп 277 нови случаи на Ковид-19, активни 935 случаи


Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 12 до 18 април 2021 година, во општина Прилеп имало 277 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 14 лица.

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 935; на болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка; во дневната болница се лекуваат 80 пациенти.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 7.910. Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 378 лицa.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира