Оливер Димитриоски е нов тренер на РК Прилеп

Facebook
Twitter
Email
Print

Досегашниот предводник на Металург 2, Оливер Димитриоски, е нов тренер на РК Прилеп. По решавањето на финансиските проблеми што го доведоа во прашање и настапот на прилепскиот клуб во Супер лигата, дојде до промена и на клупата.

 

„Успеавме да се договориме со општината. Најдовме заеднички јазик и ќе бидеме финансирани од локалната самоуправа. Имаме и промени така што ќе имаме нов тренер. Ја завршивме соработката со Ице Соколески, а нов тренер на клубот ќе биде Оливер Димитриоски кој доаѓа од Металург“, изјави претседателот на клубот, Александар Мариноски.

 

Прилеп остана без поголемиот дел од првотимците во есенската полусезона. Јанчев, Рајатовски, Јовановски, Вешоски, Ѓорѓиески, Тренчевски нема да бидат дел од прилепскиот тим, кој во последен момент со помош од Општината, се реши да ја продолжи сезоната до крај.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци