
ООУ „Кочо Рацин“ и оваа година се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност со активноста „Ден без автомобили“ под мотото: „Подобра мобилност, подобар живот“
25.9.2025 (четврток)
Ученици од IV и V одделение
08:00 – велосипедска тура низ градот
(собирање во 07:30ч. во училишниот двор)
Ученици од VI – IX одделение
09:30 – од ООУ „Кочо Рацин“ до с. Мало Коњари (аеродром)
11:00 – враќање назад кон училиштето
(собирање во 09:00ч. во училишниот двор)
Ученици од I – III одделение
09:30 – полигон вежби со велосипеди и тротинети во училишниот двор
Ученици од IV – IX одделение кои нема да возат велосипед
8:00 – пешачење до Манастирче „Покров на Пресвета Богородица“ (пат кон с. Волково)
Во текот на активностите ќе има привремен прекин на сообраќајот. Учениците ќе бидат придружувани од:
- полициски возила
- амбулантно возило
- наставници, родители и волонтери
- ученици од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ (сообраќаен смер)
Со оваа активност сакаме да поттикнеме свесност за здрави животни навики и почиста околина.