ООУ „Кочо Рацин“- Рид: Благодарност за сите кои беа дел „Танцот на ангелите“- само со заеднички труд и тимска работа може да се реализира ваков спектакуларен проект


Во светот полн со омраза, солзи и глад потребно е повеќе љубов и добра волја помеѓу луѓето. Водени од ова мото наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ –  Рид се претставија на прилепскиот карневал и се закитија со највисоко признание ГРАН ПРИ претставувајќи ја групната маска „Танцот на ангелите“.

Во ова ремек дело под водство на наставниците Јасна Костадиновска, Билјана Стеваноска Костадиновски, Каролина Тренеска, Светлана Велкоска, Наташа Аризанкоска, Стојна Богеска, Ангел Китаноски и Бошко Тодорчески учествуваа учениците од прво, трето и четврто одделение.

Костимографијата е дело на прилепскиот уметник Александар Џинго, а додека дел од костимите се рачно изработени заедно со родителите од нашето училиште. Огромната помош и поддршка од страна на родителите во овој проект е од големо значење затоа што изработките бараа многу труд, љубов и посветеност.

Оваа маска е значајна не само за нашето училиште туку и за нашиот град бидејќи во неа свој придонес дадоа и прилепските компании без кои беше невозможно да се реализира нашата замисла огромна благодарност до „Хаусмонт“, „Комфи Ангел“, „Тритекс“, ресторан „Лаки“ Авто школа „Старт“, аптеки „Мента фарм,, „Бимфуд“ ,Кафе бар „Стори“, „Мармајоз“ фризерски салон ,, Габриела“, парфимерија,, Кики“, ЈКП,, Водовод,, Станица за тех. преглед, Прва, авто сервис Матрак“.

За впечатокот на сцената биде уште поспектакуларен голема благодарност изразуваме до Decoration house „Lizijan“ и „Свадбени облаци“ без кои немаше да биде целосен магичниот ефект кој се постигна на сцената. Само заедничкиот труд и тимската работа можат да реализираат ваков спектакуларен проект и за тоа од срце им благодариме на сите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи