Поради опасност од ширење на коронавирусот, Општа болница Прилеп апелира до граѓаните да ги откажат нехитните посети кај докторите, како и општо во самите здравствени установи.
Исто така се апелира да не се посетуваат роднини и пријатели кои се лекуваат во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп.
Возрасните луѓе кои се со хронични заболувања да останат во своите домови и да не се изложуваат на контакт со други лица, кои може да се потенцијални носители на корона вирус.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)