Во срцето на прилепската чаршија се наоѓа заштитеното културно добро „Чарши џамија“, значаен дел од историското и културното наследство на нашиот град. Со години овој простор е оставен во запуштена и руинирана состојба, нешто што не доликува на Прилеп. Прилеп не смее да има руинирани објекти во самиот центар на градот. Нашата обврска е да го зачуваме и уредиме секое место кое сведочи за историјата на градот, информираат од Општина Прилеп.
„Затоа, во координација со Јавните комунални претпријатија и под посебен надзор на НУ Завод и музеј Прилеп, пристапуваме кон внимателно расчистување и уредување на просторот околу овој локалитет. Просторот ќе биде исчистен, уреден, ограден и соодветно осветлен, со почит кон неговото историско значење. Различностите мора да ги почитуваме, а културното наследство да го чуваме. Само така градиме достоинствен и европски Прилеп, град во кој се негува историјата и се гради мултикултурно општество. Прилеп и прилепчани го заслужуваат тоа“, додаваат од Општина Прилеп.




