Општина Прилеп започнува со присилна наплата на неплатените даноци од физички и правни лица

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Општина Прилеп од први март започнува постапка за присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса. Причина за ваквата непопуларна мерка на наплата е тоа што значителен број даночни обврзници и покрај досегашните повици за подмирување на даночните обврски, дел од даночните обврзници сеуште не ги подмириле своите обврски.

Во тековната година Општина Прилеп испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијатa на Општина Прилеп. Од причини што рокот во кој што требаше да се изврши плаќање на доставените опомени е изминат, Општина Прилеп започна и со изготвување на решенија за присилна наплата кои што ќе ги достави до даночните обврзници и носителите на платен промет (деловните банки).

Затоа, со цел да се избегне блокирање на сметките и непотребни трошоци, сите обврзници кои по разни даночни основи имаат заостанати и неплатени обврски, потребно е итно (заклучно со 01.03 2026 година) да ги подмират своите обврски.

Според податоците на Одделението за администрирање на приходи на Општина Прилеп вкупниот процент на наплата на даноци во 2025 година изнесува 60 проценти, при што наплатени се околу 137 милиони денари по основ на даноци и комунални такси. Иако, наплатата бележи раст во однос на претходните години, надлежните посочуваат дека постои значителен износ на ненаплатени средства кои треба итно да бидат подмирени.

Општина Прилеп изразува благодарност до сите даночни обврзници кои навремено ги подмируваат своите обврски и на тој начин придонесуваат за подобри услуги и развој на општинара, и ќе продолжиме да работиме транспаретно и отчетно во интерес на граѓаните.

Граѓаните можат да извршат увид на својата даночна состојба на веб страната edanociprilep.mk каде што е овозможено и електронско плаќање на данокот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми