Османи: Нема реконструкција на Владата, ќе се пополнат само испразнетите министерски места

Facebook
Twitter
Email
Print

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски мести и оти нема да има поголема реконструкција на Владата.

 

„Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации по однос на ова прашање. Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори“, истакна Османи.

 

Иако во јавнста кружи името на докторот Венко Филипче како нов министер за здравство, сè уште нема официјален став од Владата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци