Отворена изложбата „Лирско интермецо“ од уметницата Љупка Галазка Василев

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Лирско интермецо“ е изложбата од уметницата Љупка Галазка Василев, отворена синоќа во ликовната гакерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Поставката содржи 15 дела, насликани во техника акрил и комбинирана техника на платно, создадени во последните неколку години.

Изложбата е колаж од сликарски секвенци преку кој се материјализираат нашите стравови, копнежи, желби и очекувања. Делата се  отсликување на човечката душа, нежна и кршлива, а во исто време толку моќна.

Изложбата ја отвори м-р Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека делата од Галазка Василев се богати со имагинација и метафоричен јазик.

„Во лирските асоцијативни композиции разновидните форми создаваат раскошен наратив прераскажан на автентичен личен начин. Низ асоцијативните композиции се преплетуваат многубројни хроматски и ахроматски линии и површини кои се разликуваат според својата големина, Слободната креативна игра е збогатена со многубројни колоритни форми кои се движат во различни насоки. Авторката создава ликовно единство во слободните композиции со примена на контрасти, градација и повторување на линијата, бојјата и формата“, посочи Димеска.

Љупка Галазка Василев, дипломирала на Ликовната академија во Софија, професор е по ликовна уметност во Струмица, досега реализирала повеќе групни изложби, а била автор на десетина самостојни изложби во земјава и во странство, а учествувала на бројни ликовни колонии и на едукации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира