Отпадот од домаќинствата во Крушево од 01.06.2022 ќе се собира од 05. часот наутро

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Почнувајќи од утре, 01.06.2022г. отпадот од домаќинствата и контејнерите ќе се собира од 5 часот наутро. ЈП „Комуна“ Крушево бара од граѓаните корпите да ги постават на видно место до нивното живеалиште и автомобилите да бидат прописно паркирани за да може возилата на „Комуна“ да ја завршат работата брзо и ефикасно.

Во однос на собирањето на отпадот во сабота дополнително ќе ги информираме граѓаните затоа што постои опцијата отпадот да се собира во попладневните часови со оглед на тоа дека недела е неработен ден.

Втората важна информација е следната. По косењето на гробиштата од денес, 31.05.2022г., ќе се коси во централното градско подрачје. На оние места на кои поради паркирани автомобили ќе бидеме оневозможени да работиме тревата нема да биде искосена.

„Доколку постои соработка меѓу претпријатието и граѓаните може и нашата работа да се подобри и градот да биде почист. Постојано апелираме на соработка, а овие новости, условно кажано, во собирањето на отпадот се нешто што се обидуваме да го воведеме во пракса, но се ќе зависи од резултатите на терен“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира