Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 26 април до 2 мај 2021 година, во општина Прилеп имало 89 нови случаи на Ковид-19, додека од последици на коронавирусот починале 13 лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 626, на болничко лекување се наоѓа 51 лице, од кои 39 се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 55 пациенти.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.187.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 405 лицa.