Прилепскиот пожарникар Блаже Јовески на својот ФБ профил излезе со одличен предлог – парите кои се предвидени за новогодишно украсување и прослави да се пренаменат за семејствата чии домови изгореа изминатата година во пожар.
„Во изминатава година неколку прилепски семејства останаа без покрив над главата. Нивните домови настрадаа во пожар, тие семејства и ден денес се мачат да обезбедат дом за себе. Сите сакаме да сме солидарни, па еве можност да покажиме дека сме. Како Пожарникар при ТППЕ Прилеп бев дирекно вклучен во гаснењето на опожарените домови, а сум и запознаен со проблемите на тие семејства. Заради тоа сега ја потегнувам оваа иницијатива“, вели во својот статус Јовески.