Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Приоритетните улици и патишта во Битола се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.
Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци.
Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека патниот правец Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но е прооден за возила со зимска опрема.
Локалниот пат кон село Мренога е затворен поради оштетување на мостот..