Ова лето околу 50 училишта низ државата ќе бидат опремени со нови фотоволтаични енергетски системи. Проектот се реализира со грант во висина од 1,1 милион евра, добиен од Банката за развој при Советот на Европа, во соработка со Министерството за образование и наука.

„Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.
Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.
Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.
Државата е на патот на промените“, велат од Влада во соопштение.