Армијата не добила никакво барање за помош во спасувачката акција на завеаниот овчар во кратовските планински предели. Доколку такво барање дошло до неа, преку ноќ би било одобрено и Армијата би помогнала, како што тоа го направила многупати досега бидејќи има на располагање и армиски хеликопетри, но и стручни единици, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.
Тој вели дека овој случај е уште една поразителна и трагична приказна за државата.
„Таквото барање не е проследено воопшто до Армијата. Јас се зачудив кога го видов целиот извештај. Тоа е една поразителна и трагична приказна за сите нас како држава. Не сакам да употребувам повторно квалификаци за државата, но, се обратиле до Центарот за управување со кризи до општинскиот штаб и општината. Армијата многупати го прави тоа бидејќи има на располагање армиски хеликоптери кои да не кажувам во какви не ситуациии и во некои кои се помалку познати на јавноста има помагано, но такво барање не е дојдено воопшто, рече Пендаровски.
Да дошло такво барање, потенцира претседателот, јас ве уверувам дека тоа во сред ноќ ќе било одобрено.