Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска во дворот на Кабинетот засади дрвце, македонски даб, во спомен на жртвите од холокаустот на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1943-тата година, а и истовремено, во негово име, а во соработка со амбасадата на Израел, дрво беше засадено и во Ерусалим, во парк шумата на мирот, Амандав, соопшти денеска Кабинетот на Претседателот.
„Наша желба, како држава и како луѓе, е еврејската заедница одново да израсне во плодно стебло. Нивните корења нека се напојуваат од сеќавањата, а гранките нека носат надеж за иднината”, порачува претседателот Пендаровски.
![](https://infokompas.com.mk//wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)